Илон Маск, познат по своите амбициозни проекти, доби уште едно дете . Овојпат со Шивон Зилис, директорката на специјални проекти во Neuralink.
Според извештите на Bloomberg, Зилис го добила своето трето дете со Маск на почетокот на оваа година. Оваа вест остана надвор од јавноста до сега, кога Busines Insider објави детали за истото. Врската на Маск и Зилис не е нова. Тие веќе имаат близнаци родени во 2021 година. Судските документи откриваат дека Маск побарал нивните деца да го носат неговото презиме. Додека презимето на нивната мајка да биде нивното средно име.
Иако точната бројка на децата на Маск е нејасна, јавноста знае за 11 живи деца. Пет со првата сопруга, авторката Џастин Вилсон(едно од нив починало), три со музичарката Грајмс и три со Зилис.
Секогаш во центарот на вниманието, ко-оснивачот и ко-извршниот директор на Neuralink е познат по своите визионерски проекти кои ги поврзуваат мозокот и компјутерската технологија.
Но, неговиот личен живот, се чини, е исто интересна тема за многумина. Некои шпекулираат дека поранешна вработена во SpaseX го обвинила Маск дека наводно постојано барал од неа да го роди неговото дете. Таа ја одбила понудата и забележала дека нејзината плата не се зголемувала. Поради тоа, одлучила да ја напушти компанијата. Но, дали сето ова е резултат на завидливи коментари или само желба за внимание, останува мистерија. Секој сака да биде во центарот на вниманието како Маск, нели?
Имено, Илон во 2017 година јавно зборуваше за ризиците од падот на наталитетот. Тврдеше дека тоа е најголема закана за цивилизацијата. Тој ги охрабрува своите пријатели да имаат повеќе деца, а еден ден откако Business Insider објави дека добил близнаци со Зилис, Маск на платформата Х (поранешен Twitter) објави дека прави сè што може „да помогне на кризата со недоволно население“. И така, каков и да е исходот од овие приказни, тоа е само уште еден ден во животот на Илон Маск, човекот кој секогаш наоѓа начин да остане во центарот на вниманието.