Илон Маск објави на социјалните мрежи дека компанијата „Neuralink“ успеа да изврши прва имплантација на својот уред во човечки мозок.
„Neuralink“ е позната по револуционерните, невротехнолошки достигнувања. Пациентот кој беше подложен на операцијата, се опоравува и покажува впечатливи резултати во препознавањето на нервните импулси.
фото-printscreen you tube
Овој историски момент претставува гигантски скок-напред во областа на невротехнологијата, отворајќи врати за револуционерни третмани во невролошката медицина.
Уредот на Neuralink е концентриран да прочита и пренесува невронски сигнали, што може да ја револуционира комуникацијата помеѓу мозокот и електронските уреди. Ова отвора неизмерни можности, вклучувајќи и потенцијални медицински апликации.
Доколку Илон Маск може да го вгради чипот во нашиот мозок, можеби ќе можеме да го избегнеме исклучувањето на мозокот кога ќе треба да забележиме: „ниска батерија, предупредување!“