Синоќа, 26ти јули, на Широк Сокак во Битола се славеа Илинденските Денови. Атмосферата ќе испише многу убави спомени во звукот на „Комитското“ кое по 53ти пат влезе во етерот на светскиот фолклор.
Илјада и двеста гости, илјада и двеста фолклорни приказни од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија настапија низ многу локации на Битола, заблагодарувајќи им се на беспрекорниот домаќин, Македонија.
Фестивалот броеше 13 среќни денови со вкупно 60 настани како културно ехо на манифестот од 1903-а, кое годинава го отвори својот круг со радиус во суперлатив големина и се нарече токму така „Отворен круг“.
53-тото издание на фестивалот „Илинденски денови“ го „отвори кругот за добредојде и добро те најдов, на автентичната вредност на културното наследство“, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски веднаш по традиционалното дефиле на Широк Сокак и прекрасната изведба на „Комитското“ на КУД Илинден.
Градот Битола, домаќин и организатор на овој фестивал над половина век е „штембил“ на нашиот идентитет кој по 53ти пат ќе се повика на она што нашиот мудар -Гоце Делчев рекол: „ Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Фестивалот под мотото „Отворен круг“ го поседува сертификатот на интернационален CIOFF фестивал и со истиот влегува во семејството на International Counsil of Organizations of Folklore Festivals and Folklore Arts, официјален партнер на УНЕСКО , формиран во 1970 година со работна задача и цел на заштита, промоција и ширење на традиционалната култура на глобално ниво.
„Илинденски денови“ е амбасадор на македонската култура во светот. Директорката на Центарот за култура, (организатор на овој фестивал) Битола, Маја Андоновска-Илијевски гордо ќе подвлече: „Овој фестивал буди носталгија, убави спонени и ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да се интересираат за фолклорот.“
Фестивалот се релизира со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на Собранието на РСМ.
Пишува: Ромина Марковска
Во продолжение уживајте во магијата на фотографиите низ фокусот на Ивона Кочов: