Илија Талев – гостин во „Брчиме со Дуле“. Ако македонската електронска музика имаше свој хронописец, продуцент и културен алхемичар, тогаш тое е Илија Талев. Во оваа епизода на „Брчиме со Дуле“, влегуваме во светот на човекот со два алтер ега – од една страна, во Метрополис, царството на модата, уметноста и убавината, а од друга , како DJ Ile the Hair, кој со електронските битови го обликува ноќниот живот уште од 1991 година.
Како звучеше првата техно трака на Балканот? Зошто промоцијата на неговиот прв албум во 1994 – та изгледала како слетување на вонземјани? Каква врска имаат Југословенскиот комунистички конгрес, операциите на панкреас и Pink Flojd со неговото творештво? И зошто токму Загреб му ја променил менталната матрица?
Од првата техно журка во Македонија, преку промовирање домашни креативци и оживување културни сцени, до најголемиот моден настан во Битола – „Битола Модна Недела“, Илија Талев во „Брчиме со Дуле“ видовме дека е доказ за тоа дека добрите идеи можат да тлеат со години, но кога ќе експлодираат, оставаат белег.
Омилен филм? „Одисеја 2001“(сосема логично).
Омилена инспирација? Музак – музика што тлее во позадина, ама прави чудесни нешта.
Омилена приказна? Секоја што се раскажува низ звуци, стил и ритам.
„Брчиме со Дуле“ – таму каде муабетите течат како добар бит, а приказните оставаат ехо.