Гостин во емисијата „Брчиме со Дуле“ беше Благоја…или Благојче Љамчевски. Кумбата веднаш ја отвори првата дилема – дали е „ја“ или „че“? „Аj вади лична карта!“ – рече. Благоја со насмевка прифати – десетка е!
Благоја или Благојче? Е тоа е прашање! Хаха, зависи шо прашваш и во кој контекст… Ако сакаш нешто да добиеш, можи и Благојче да биди, ама ако е нешто поформално, тогаш Благоја си е на место. Како и да е, фудбалот за Љамчевски почна од рани години, уште на седум тргна по топката, а веќе во четврта година средно, играше професионално дерби. Не е груб играч, вели, но кога го прашуваат дали некогаш намерно погрешил на терен, одговара со типичен фудбалски оптимизам: „Ќе има ВАР!“
Сите знаат – Пелистер му е омилен клуб, а омилениот фудбалер? Ни помалку, ни повеќе – самиот Зидан. Реал Мадрид му е „свето место“, но кога го прашуваат за тренерите “шо се дерат од клупите“ додека играчите трчаат на терен, одговара дипломатски:„Секој различно сфаќа!“
Животот на фудбалер? Не е само слава и голови. Благоја открива дека за да бидеш „топ“, мораш да се одрекнеш од многу работи – нема кафичи, нема пиење, а ако си фамилијарен, уште потешко. Но, затоа – прославите се „јаки“ и вредат за сите пропуштени ноќи.
Благоја, Благојче знае дека вистинската игра е онаа надвор од теренот, во секојдневните одлуки.
Туку со Кумбата шо прајме…Со оглед на слабите познавања на ова тема, супер се снајде детево!
И ајде доста ние брчиме, време е за „Брчиме со Дуле“. Поглњеднете го видеото подолу во текстот и уживајте во уште една нова епизода.