Катерина Јовановиќ, актерка, пејачка и музичарка од Валандово, ја донесе својата магија во студиото на „Брчиме со Дуле“. Позната по својата прилагодливост – од кабаре до турски серии – Катерина веќе има завиден список на успеси, а нејзиниот шарм и талент повторно беа во центарот на вниманието.
Промоција на талентот од страна на гостин – ентузијаст – Катерина Јовановиќ во „Брчиме со Дуле“.
Другиот гостин во емисијата, нашиот мега популарен – Кумба, очигледно импресиониран од целокупната појава на Катето, се појави како „амбасадор“ на нејзината креативност: „Таа е еден мултиталентиран универзум што заслужува постојано да се открива одново и одново.“
Од Валандово до Италија – Успеси без Граници
Шармантната валандовчанка има освоено прво место за пеење и второ за глума на Европското првенство за сценски изведувачи во Рим. „Мајка ми е мојот најголем поддржувач и заслуга за сè што сум постигнала,“ рече таа со благодарност во очите. Интересно е што нејзината мајка која зборува италијански, дополнително ја инспирирала и поддржувала во меѓународните успеси.
Катерина Јовановиќ глумела во две турски серии што и овозможило да стекне увид во сложеноста на продукциските процеси. Во парафразата на нејзините зборови, таа истакна дека универзумот секогаш и испраќа сигнали –„ понекогаш тоа е дури и дупната гума во Грција.“
Музика што ги допира срцата
Катерина запеа во студиото и ги освои срцата на присутните:„Само ти месечина“, Еј што ми беше срцето живо“ од Каролина Гочева: „Секогаш пеам дури и кога сум нервозна – а тоа го забележуваат сите, освен јас!“ призна со насмевка.
Детектор за Лаги- и за Вистини
Во емисијата не изостана ниту забавата – со детектор за лаги, ставена на тест со прашања кои предизвикаа смеа:
Дали си најубавата во фамилијата? „Не!“ Детекторот: Свири!
Дали домаќинот е убав? „Да!“ Детекторот: Свири без престан!
Ама дефинитивно, сите сме убави!
Да не должиме, во продолжение погледнете го видеото и уживајте во најновата епизода на „Бричме со Дуле“