„Тетка Даринка нè чуваше со сестра ми кога бевме мали. Живееше кај нас и се грижеше за нас во недостаток на родителите, кои тогаш беа на врвот на кариерите. Таа се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе… А на концертот ја повикав на сцена и се изгушкавме за сите 56 години кои не се видовме“ – пишува Игор Џамбазов во видеото што го сподели на својот инстаграм профил од емотивната средба на настапот во Канада.
Станува збор за тетка Даринка, која била жената која се грижела за Игор и неговата сестра кога тие биле малечки, за време на отсуството на нивните родители кои биле често отсутни од дома и биле на врвот на нивните кариери. „Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе… И се надевам дека успеа во тоа.“
Имено Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе имаа одличен концерт на сцената во Торонто. Македонската публика беше воодушевена од нивниот музички настап. Како и секогаш емотивната музичка изведба и позитивната енергија на Харе и Игор пулсираше низ салата… А приказната кулминира со најемотивниот моментот и прегратката на Џамбазов со тетка Даринка. Погледнете ја оваа емотивна средба која ќе ви го стопли срцето.