Хумор, сатира и нешто ново – Александар Георгиевски

Хумор, сатира и нешто ново - Александар Георгиевски

Хумор, сатира и нешто ново – Александар Георгиевски нов комичар што полека ја освојува публиката.

Александар Георгиевски е уште еден млад битолчанец што реши да ја разбие монотонијата по социјалните мрежи со свој автентичен хумор. Имено, Георгиевски за прв пат се обидува да се пробие на сцената, а ние секако ги поддржуваме младите таленти, ентузијасти и секако оние кои ги следат своите соништа. Георгиевски има дваесет години, своевремено студира на правен факултет и верува дека ќе успее во она што го работи.

хумор

Младоста зборува дека пред него стои голем пат што секако треба да се изоди. А Александар е подготвен за нови предизвици, нови лекции. Секако стендап комедијата е голем материјал и процес кој треба да се изоди, а тој веќе ги има своите пет минути, па некои од неговите видеа ја надминаа и бројка од 100 000 прегледи.

„Моите амбиции и планови се да ја развијам мојата stand up кариера и на домашно и на регионално ниво… И да сакам да останам тука!“

Разгледајте го неговиот инстаграм профил ТУКА и поддржете ги младите да ги остварат своите соништа.