Green Tech Pelagonia официјално започна: поддршка за зелени стартапи со јасен развоен фокус

Green Tech Pelagonia официјално започна: поддршка за зелени стартапи со јасен развоен фокус

Со воведна сесија одржана во УКЛО КОЛОРС, Колаборативен простор (CoSpace) во СИЦ при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, официјално започна стартап програмата Green Tech Pelagonia, наменета за поддршка на иновативни и одржливи бизнис идеи од Пелагонискиот регион.

На настанот присуствуваа сите селектирани стартап тимови, како и менторите вклучени во програмата. Со тоа беше означен почетокот на структуриран и практично ориентиран стартап процес.

Селектираните стартапи ги поздрави Лидија Ангелкова, проектна менаџерка во ПРЕДА Плус. Ангелкова истакна дека програмата има јасна цел: да обезбеди реална поддршка за трансформација на идеите во пазарно применливи и одржливи решенија, преку менторство, тестирање и јасна структура на работа.

Во рамки на програмата, стартап тимовите ќе работат со четири менторки и ментори со комплементарна експертиза:


   •   Сања Митровска – експертка за design sprint методологија и бизнис моделирање, со искуство во работа со стартапи и иновативни тимови, фокусирана на брзо тестирање и структурирање на идеи.
   •   Љубица Ангелкова – експертка за комуникации, со повеќегодишно искуство во градење брендови, комуникациски стратегии и pitching, која ќе работи со тимовите на јасна и уверлива презентација на нивните стартап решенија.
   •   Гого Рафајловски – експерт за иновации и go-to-market стратегии, со фокус на трансформирање на идеи во функционални, пазарно подготвени производи и услуги.
   •   Катерина Лалевска – финансиска експертка и scale-up коуч, со долгогодишно искуство во пристап до финансии и поддршка на стартапи и компании во фаза на раст.

Во рамки на програмата, учесниците ќе имаат можност да стекнат напредни практични знаења преку интензивна експертска работилница, реализирана во соработка со Утопија Академија. Работилницата ќе биде фокусирана на клучни теми неопходни за развој и раст на стартапи, и тоа:

  • развој на бренд стратегија, PR и дигитален маркетинг
  • бизнис модели и продажни стратегии
  • финансиско планирање, пристап до финансии и подготовка за инвеститори

Експертските сесии ќе ги водат Ѓорѓе Јовановиќ, маркетинг директор за Балканот во Xiaomi, Иван Миниќ, претприемач и консултант за бизнис развој, и Никола Пејовиќ, финансиски експерт со искуство во банкарството и инвестициите.

ПРЕДА Плус особено ја цени и ја истакнува долгогодишната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, која и оваа година продолжува и се продлабочува преку поврзување со активностите на Студентскиот центар за претприемништво, во рамки на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.

Како резултат на соработката со ПРЕДА Плус, студентските тимови кои учествуваа на хакатонот реализиран преку УКЛО КОЛОРС беа мотивирани да аплицираат во стартап програмата Green Tech Pelagonia, со што се воспоставува јасен континуитет помеѓу академската средина и практичната стартап поддршка.

Овој пристап е значаен затоа што создава реален развоен ефект, преку навремено препознавање и поддршка на младите тимови и нивно водење од академска идеја до конкретно, пазарно применливо стартап решение.

Преку УКЛО КОЛОРС
се обезбедува значајна логистичка и просторна поддршка за спроведување на програмата, ставајќи на располагање coworking простор, библиотека, индивидуални простории за работа и целокупна ИКТ опрема. Овие ресурси овозможуваат квалитетна реализација на индивидуалните и заедничките сесии, во живо и во хибриден формат, создавајќи функционална и поддржувачка средина за развој на стартап тимовите.

Програмата Green Tech Pelagonia е дизајнирана како структуриран процес што создава јасен пат од идеја до пазар и придонесува кон развој на одржливи и иновативни решенија со локален и регионален импакт.

Програмата се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и CIF.

фото | Дамјана Ристевска

ПР текст

[post_tags]