Градови во пластика: вистинската приказна зад “само едно шише”

Градови во пластика: вистинската приказна зад “само едно шише”

„Тоа е само едно пластично шише“ – реченица што секој од нас барем еднаш ја изговорил. Но што се случува кога „само едно шише“ ќе се помножи со бројот на жителите на нашиот град Битола или со осум милијарди луѓе?

Одговорот го носи документарниот филм „Plastic Fantastic“, кој на провокативен и едукативен начин ја отвора темата за влијанието на пластиката врз животната средина и нашата секојдневна култура на потрошувачка.

Во организација на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола, во соработка со Гете-институт Скопје, проекцијата ќе се одржи во недела, на 26 октомври 2025 година, во 19:00 часот во Кино „Манаки“.
Влезот е бесплатен.

Преку искрени сведоштва, научни факти и визуелна поетика, Plastic Fantastic нè поттикнува да се запрашаме: може ли светот да се откаже од материјалот што го создаде за да си го олесни животот, а сега му го загрозува постоењето?

По проекцијата следува разговор со специјалните гости:

  • Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка и еко-активистка со бројни иницијативи што ја будат заедницата и младите,
  • Стефан Поповски, ликовен педагог кој ќе ги инспирира учениците како отпадокот може да се претвори во уметност.

Настанот е дел од пошироката иницијатива за подигање на еколошката свест во рамки на кампањата Free Plastic July, со цел поттикнување на одржливи навики и промени во локалната заедница.

📅 Недела, 26 октомври 2025
📍 Кино „Манаки“, Битола
🕖 19:00 часот
🎟️ Влез: бесплатен

Една вечер за свесност, разговор и инспирација.
Да ја направиме мисијата зелена, а не пластична.

[post_tags]