Гламур што не се имитира, а се создава во фризерскиот салон Studio M

Во СТУДИО М, секоја фризура се создава како уметничко дело. Професионалните стилисти ги следат најновите трендови и се грижат за секоја Ваша желба за стилска промена со највисок степен на внимание. Без компромис во квалитетот, во Studio M, се користат премиум производи кои ја негуваат и враќаат силата на влакното.

СТУДИО М - Техники на боење, шатирање во повеќе нијанси, нијансирање без дополнително уништување на косата!

Доколку се одлучите за обојување на вашата коса, тука би нагласиле… Боите не се само нијанси – тие се став, емоција и енергија. Од нежни пастелни, блонди до огнени бакарни и длабоки кафеави. Секој избор е внимателно изработен за да го отслика уникатниот стил на клиентите. Секој посетител на СТУДИО М е инспирација за стилистите, а секоја фризура – уметничко дело што се создава со прецизност.

Тимот на фризери во Studio M се грижи да ја трансформира косата на секој клиент во вистинско ремек-дело… Со посебна грижа за негата и убавината на секое влакно. Косата не само што изгледа прекрасно – таа е и здрава, благодарение на врвните третмани и внимателниот избор на производи.

Studio M не е само салон – тоа е искуство што се чувствува во секој потег и момент на самопочитување. Оваа стилска  приказна создаваат уникатни фризури кои ја осветлуваат индивидуалноста на секој клиент.

glamur-shto-ne-se-imitira-se-sozdava-vo-studio-m
Во Studio M

Studio M – Гламур кој не се купува, туку се создава.

Комерцијален текст

[post_tags]