Get EXITed во Струмица ветува спектакл на второто музичко издание.
Настанот GET Exited, ќе се случи на 7ми септември 2023 година. На сцената се очекуваат извонредни изведувачи како Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна, Д Георс . Овие популарни изведувачи ќе произведат фантастична музика. Во Струмица ќе се слушне звук од соул, поп и рок. Најголемите глобални хитови до музиката на светот и техното ветуваат одлична атмосфера!
Џон Њуман е суверената поп/соул ѕвезда, Бурак Јетер е диџејот и популарниот турски продуцент и хитмејкер, а Констракта пак, најпосебната музичарка на нашите простори. Лана е најмлада продуцентка на ТОП 100, прогресивен -хаус листата на Битпорт,музичарка од полето на електронската музика од Нови Сад , диџеј со првенци на изданија под името „My Journeѕ“, „White shadows“ во соработка со Себастијан Хас. Д Георс е македонско-мелодик техно дуо составено од двете сестри близначки Патриција и Андреа Георг. Настапоте освен во родната Македонија ги прошириле и во Швајцарија. Џамбо Агушеви- Оркестар е еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот и потекнува токму од градот домаќин на овој фестивал, Струмица.
Нивниот втор албум е насловен како „Brasses For the masses“ за угледната германска куќа – Асфалт танго. Албумот донесе фанки звук.
Get EXITed ќе го предводи Ванг Гог кој два пати ја освои регионалната „Емтиви“ – награда. „Море без обала“ е нивниот најнов албум. Фронтмен на групата- Звонимир Ѓуриќ-Џуле, гитарист и автор на песните.
Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕXIT во соработка со општина Струмица. Влезот е слободен, а за посетителите кои сакаат да го имаат ова искуствено доживување, во продажба се ВИП влезници.