Од октомври минатата година загинаа 180 медиумски работници во Газа

Владината канцеларија за медиуми соопшти дека бројката на загинати новинари, медиумси работници во Појасот Газа се зголеми. Сега вкупниот број изнесува 180. Имено во неделата тројца палестински новинари беа убиени во израелските напади во Појасот Газа.

Убиените се идентификувани. Станува збор за работници кои се дел од реадкциите на локалната ТВ Ал-Акса, новинската агенција Санад и Фондацијата Ал-Кудс.

„Канцеларијата на владата апелираше до меѓународната заедница и новинарските организации да интервенираат за да го одвратат Израел и да го гонат пред меѓународните судови и да извршат притисок да се запрат убиствата на палестинските новинари.“ – пренесува radiomof.

Газа

Израел го прекрши барањето за прекин на огнот и повикот од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации. Напротив, продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.

Речиси 43.000 луѓе загинале според локалните здравствени власти,а повеќе од 100.000 биле повредени.

Поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, израелскиот напад го раселе речиси целото население на Појасот Газа.