Модна Соба
Фризерскиот салон и make up студио„Studio M“, наскоро со нов урбан ентериер
Фризерскиот салон „Studio M“ наскоро одново ќе ја отвори вратата за своите клиенти. Во комплетно нов урбан изглед, внатрешниот простор ни овозможува уникатно и комфорно уживање. Зборувајќи во прво лице, од она што ние го перцепиравме, би рекле: „Ова, e магично катче каде се раѓа убавината, каде се рушат бариерите за „стилистичкиот“ пристап и негата […]
Фризерскиот салон „Studio M“ наскоро одново ќе ја отвори вратата за своите клиенти. Во комплетно нов урбан изглед, внатрешниот простор ни овозможува уникатно и комфорно уживање.
Зборувајќи во прво лице, од она што ние го перцепиравме, би рекле:
„Ова, e магично катче каде се раѓа убавината, каде се рушат бариерите за „стилистичкиот“ пристап и негата на коса. Посебно дизајнираниот ентериер, го акцентира фокусот кон модерните елементи и бои и ги експонира вредностите на креативност и задоволството. Амбиентот на „Studio M“, веќе е незаменливо искуство што знае да релаксира, опушти и од Старата Битолска Чаршија како да ве носи во некоја поинаква нова светска и футуристичка димензија. “
Талентираните стилисти за коса се подготвени да ги докомплетираат вкусовите и желбите на клиентите, а специјалните третмани за коса ќе делуваат како еликсир за вашите кратки и долги прамени. Маријана и тимот од вистински „make up“ виртуози, ве очекуваат на истата адреса со сосема нов, свеж и модерен изглед.
Фризерски салон „Studio M“ – Место каде креативноста се спојува со стилот!
Комерцијален текст



