Замислете го моментот кога се отвора вратата на фризерскиот салон STUDIO М – влегувате во простор исполнет со елеганција и луксуз.
STUDIO M се наоѓа во срцето на старата битолска чаршија. А таму, не добивате само квалитетен фризерски третман, туку искуствено доживување на комплетна преобразба.
Талентираните и вешти раце на Маријана – стопанственик и сопственик на фризерскиот салон STUDIO М, несебично и посветено репродуцираат усовршување. Нејзината екипа на и онака талентирани фризери стилисти, одново и одново ја истакнува вашата уникатност на посакуваниот стил.
Секое кратење на косата, светло тонирање или модерен фризерки третман е изведен со пасија на уметник и магични ножички кои се острат во процесот на визуелизација. А знаете кога се случува тоа? Веднаш кога ќе ја отворите вратата на фризерскиот салон. Пред да седнете, наспроти огледалото, екипата го „скенира вашиот стил“ и стартува работата на ножиците, четката, фенот, бојата за коса…
За конечниот изглед да го добие својот потполн сјај, тука се креира атмосфера на пријателство и опуштање со кафе на неповторлив вкус. Можеби е до кафето или до мајсторијата на правење на кафето или пак до муабетот, ама овде, кафето е неодоливо.
Уживате во комфорно искуство во моментите на трансформација на вашата фризура и излегувате п р е з а д о в о л н и од она што го видовте во огледалото. Стдио М – Вашиот водич до убавината!