Фризерски салон Studio M – Спој на убавината, стилски шарм, елегантна префинетост
Сакајќи да направиме една поинаква реклама, за нашите пријатели, за фризерски салон Studio M, снимивме урнебесно видео за чии подготовки мораме да признаеме дека искрено се забавувавме. Погледнете го во продолжение видеото, а под него и текстот посветен на професионалните виртуози на Studio M.
Studiо M e фризерски салон лоциран во старата битолска чаршија. Естетски изглед и ентериер кој уште на самиот влез ќе те пречека со убаво „Добро утро“ од професионалните стилисти кои веќе го подготвуваат „жешкото“ столче. Потоа со кафе Studio M, ни раскажа возбудлива фризерска историја зад која стојат искусни професионалци, стилисти.
…И убавината може да започне. Раскошно, битолски, префинето, а сепак удобно и скромно.
Виртуози со личен и уникатен идентитет, овие раце создаваат поинаква фризерска модна димензија. Не може, а да не си заминете задоволни, што всушност токму тоа е целта на сопствениците:
-Нашиот мотив се задоволните клиенти. Знаете, убавината е рефлексија на она што се чувствува внатре. Се трудиме да го најдеме убавото кај нив и насмевката која значи дека си се допаднале.
Она што ние го забележавме само што влеговме во фризерски от салон „Studio M“, беше шармантниот сторителинг, па ако ова би било приказна, би рекле дека е приказна за љубовта.
Љубов кон работата и убавината. А има ли нешто поубаво од токму таков спој на енергии?
Така, откако станувате свесни за фактот дека во Studio M, креирале уметност, ви создале насмевка и позитивна енергија што ја почувствувале сите сетила…Откако се освестувате дека сте го испиле македонското битолско кафе, застанувате уште еднаш пред огледало и со восхит поентитрате:
Секоја жена заслужува да биде убава, а токму убавината ја препознавме во огледалото на овој фризерски салон!
Посетете го Studio M и уживајте во неповторливо искуство со посебен стилски авторитет.
Комерцијален текст