Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повика сите заинтересирани лица. Лица кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија, да се пријават за учество во второто издание на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА. Еве што велат во соопштението:
„ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА ќе вклучи 12 фотографи кои ќе имаат можност да бидат дел од дводневна фото работилница. Истата ќе ја водат Роберт Јанкулоски и Мери Бошкоска. Обучувачите ќе ги водат учесниците на обуката низ процесот на фотографирање. На обработка на фотографиите и со нив ќе споделат искуства и совети за мајсторијата на фотографијата.
Сите учесници на колонијата ќе имаат можност за учество во мултимедијалната фото изложба ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 – која воедно ќе биде презентација на авторските трудови на учесниците во колонијата.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
🔸На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани фотографи аматери и професионалци.
🔸Менторскиот дел на колонијата ќе се реализира во понеделник 01.07 и вторник 02.07 во Хотел Театар – Битола
🔸Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, и протфолио од минимум 5 фотографии на адреса , cedi.mk@gmail.com со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 најдоцна до 25.06.2024 година.
🔸Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 45 години,
🔸Кандидатот/кандидатката да поседува опрема за фотографирање – аметерски или професионален фото апарат
🔸Бројот на учесници/учеснички во колонијата е ограничен на 12 лица.
🔸Трошоците за учесниците на колонијата ќе бидат во целост покриени од организаторите.
ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ АПЛИКАЦИИ
на www.cedi.mk@gmail.com “