Фотки од вашите деца на социјални мрежи? – Алармантно видео

Фотографии од вашите деца на социјални мрежи? – Дали пропуштаме нешто меѓу редови?

Сведоци сме на динамично општество, на досега невиден развој на технологијата. Постојано излегувааг нови трендови, смарт телефони, компјутери и… Што се случува со АЛ? Со вештачката интелигенција? Што всушност е позадинскиот момент и како можат да се искористат вашите фотографии и фотографиите од вашите деца на тие социјални мрежи?

Светот се уплаши од чат џи пи, а веројатно и роботот и навистина би требало да предизвика извесен страв, а и да покрене милион прашања чиј одговор нема многу да ни се допадне.

Конкретно, зборуваме за сите податоци што можат да се искористат и да се стават во едно цело. Што правиме кога оставаме наши информации на социјалните мрежи? Колку знаеме за платформите и колку сме упатени во нивната сигурност?

Дали фотографиите од нашите најмили кои ги постираме, значат само спомени?

Изгледа дека ,,другата страна”, не размислува така и според подолу наведеното видео, може да се случат чуда. Се што треба, се неколку фотографии и се ,,монтира-создава” робот со лице од вашето дете. Буквално може да се искористи нечиј идентитет, а што можат да бидат последиците не би сакале ни да претпоставиме. ,,Криминалната” имагинација е голема, па не сме ни свесни колку од само неколку фотки од нашите деца кои нам ни значат и мислиме дека ги споделуваме со нашите блиски и пријатели, можат токму ним да им го променат животот… Не би сакале да шириме паника, но во прашање е она што се нарекува претпазливост.

Бидете внимателни и еднаш разберете: ,,Некои приказни се само ваши! “