Музичкиот проект насловен како „Традицијата на дланка“, овој август во Крушево стави круна на манифестацијата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА. Музичкиот концерт во живо на Фонтана и солистката Елена Андоновска предизвика чувство на восхит кај бројниот публикум. Крушево како град на културата одново ја предочи својата уникатност низ древните калдрми. Одново заблеска по повод одбележувањето на славните 10 дена Крушевска Република и 130 години од Крушевското востание. Се спои „вчера и денес“, а „утре“ во сите срца ќе вибрираат приказните за македонското наследство. Почитта кон корените станува едно цело со песна и вокали.
Овој пат, гласовните перфектни изведби на концертот во живо на Фонтана и Елена Андоновска, донесоа ново музичко искуство во вечерта под крушевските ѕвезди. Безвременските мелодии на Фонтана, совршено надополнети со волшебниот вокал на Елена, одекнуваа низ историските улици, беспрекорно спојувајќи ги минатото и сегашноста во хармоничен спектакл.
Почитта кон корените, славењето на културата и долготрајната магија на музиката се усогласија. Музичарите создадоа вечер што продолжува да одекнува во срцата на сите што присуствуваа. Извонредното музичко искуство остави неизбришлива трага и кај локалното население и кај посетителите. Магијата на Фонтана и Елена Андоновска го осветлија крушевското небо, создавајќи незаборавно поглавје во наследството на 10-те дена Крушевска Република.
Магијата ќе продолжи да се случува, а нашето културно наследство да се пренесува. Музиката е дел од нашата традиција и уникум кој на најавтентичен начин знае да ја доведи блиску емоцијата за единствената наша традиција.