Дводневен  „Фестивал на староградска музика и вино“ – Боемски сјај, чаршиска култура, традиција во Старата Чаршија

староградска музика

Битола е зародишот на сите уметности, Битола е музика… Симбиоза од гурмански и хедонистички стремеж со староградска музика, тамбури, гитара, армоника, виолина на увце…

Битола е однова инспирација за сите уметности. Со пиетет на конзулска и градска, по истиот повод, и стремеж кон будење на историскиот мелос, се најавува седмото издание на  „Фестивал на староградска музика и вино“.

староградска музика

Настанот станува традиција. Секоја година се одржува во Старата битолска чаршија пред платото на Мал битолски монмартр. Ноќта е посебно патување што поместува граници и некако… Одново го живее она минато каде одважните господа носеле паларии и ги отпоздравувале грациозните дами.

Со почеток во 21 и 30 часот, на 16и Август, битолчани ќе можат да уживаат во изведбите и звуците на:

Битолски Тамбураши, Деспина, Тамара Стојковска, Николче Зацески и Бојан Стојков.

Организаторите ветуваат одлична програма, а низ битолската чаршија, во Сабота на 17ти Август ќе следи уште една музичка програма:

Куд „Илинден“ – Градски приказни, Нино Величковски, Боеми, Тамара Стојковска.

Фестивалот се одржува во рамките на Бит Фест.