Заврши издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025

na monodrama фестивал на монодрама

Со доделувањето на наградите и изведбата на претставата КУФЕР.МК, официјално беше затворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025.

Соња Михајлова

Под слоганот „Еден збор – еден свет“, фестивалот на монодрама и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот.

Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да проследи 10 монодрамски остварувања, а меѓународното жири, составено од Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија), ги додели следните награди:

🔸 Гран при на фестивалот: „Лирско вилинско коњче“, Театар МикрОпера – Сарагоса, Шпанија
🔸 Најдобар актер: Роналд Ранд, САД, за претставата „Нека биде уметност!“
🔸 Најдобра режија: Невена Митева, Бугарија, за претставата „Декамерон“

Дополнително, публиката ја додели својата награда на претставата „Декамерон“ во изведба на Ана Петрова, Државен куклен театар – Сливен, Бугарија.

На свеченото затворање, директорот Влатко Илиевски одржа говор во кој упати благодарност до сите учесници, институции, спонзори, публика и особено до тимот на Центарот за култура – Битола, без чија посветеност фестивалот не би бил можен. Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот ѝ беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.

[post_tags]