Ferrari F40, по 24 години конечно се врати кај својот сопственик! Оваа неверојатна мисија, вредна над 2,5 милиони долари, беше успешна. Реализирана е од Art Recovery International, организација специјализирана за пронаоѓање украдени уметнички дела и луксузни предмети.
Криминална мистерија со среќен крај
Ferrari F40, беше украден на 16 април 2000 година од паркингот на хотел во Виласанти, Италија. По долги години неизвесност, автомобилот конечнКако се врати о беше лоциран на тајна локација, а неговото враќање беше сложен процес што вклучуваше правни прговори и меѓународна соработка.
Како се врати Ferrari F40?
F1 Driver's Stolen Ferrari F512M Found In London 28 Years Later | Carscoops https://t.co/VtJfv6dDcO
— Carscoops (@Carscoop) March 11, 2024
Кристофер А. Маринело, директор на Art Recovery International, ја сподели оваа вест на Linkedin и X, откривајќи дека процесот на враќање бил сложен. Клучна улога одиграле три адвокатски тимови кои преговарале за легално враќање на возилото. Осигурителната компанија која со години го следела случајот, на крајот дала зелено светло за негово враќање.
Ferrari F40 – симбол на ексклузивност
Денес, вредноста на Ferrari F40 надминува 2,5 милиони долари што ја прави оваа приказна уште повозбудлива за сопственикот. Како знак на благодарност кон адвокатскиот тим, тој им понудил ексклузивна можност за тест – возење како на јавни патишта така и на професионални тркачки патеки.
Art Recovery International – експерти во враќање на луксузни предмети
Оваа организација досега успешно има вратено над 500 милиони долари вредни уметнички дела и артефакти. Со овој случај, тие докажаа дека нивната експертиза важи и во светот на луксузните автомобили. Еден од нивните претходни успеси е враќањето на Ferrari F512M, некогашна сопственост на Герхард Бергер (австриски возач на Формула1).
Останува да видиме кои други изгубени автомобилски реликвии ќе бидат откриени во иднина.