Магионичарот Марло влезе во Југото на Мими, ја зеде сцената и ја претвори во дежаву! Ама Мими не беше баш сигурен дека ова е веќе видено. Го паркира југото и почна да гледа нешто што не може да го разбере. Се чинеше како некоја форма на невро-лингвистичко програмирање, нешто шо ти го менва мислењето без да си свесен за ТО.
Токму тогаш, магионичарот Марло прај необичен потег и зема една карта, му ја дава на Мими и му вели: „потпиши се“.. Мими сеуште замаен, го прај то. Се потпишва и Марло со својот мистичен тон, вака му вели; „Сега ќе ти дојди кредит , Мими.“
Ете ти сега – трикологија и сè е можно! Мими, ко бајаги опуштено, делумно насмеан, но и видно изненаден, одговара: „Да не ме пиша за жирант!“
„Хаха, не бери гајле.“ вели Марло со загадочен поглед.
Мими не се капи во кредит туку во вистински трик. Понекогаш, да се потпишиш не значи само да дајш потпис, ами да потврдиш нешто со умот.
„Трикот е многу подлабок,“ продолжва Марло. Не само шо прај трикој со карти ами ги води луѓето низ светот на умот. Научил многу работи во Црна Гора. Тука, во Југото покажа нешто многу поголемо.
То шо го прај Марло не е само трик со карти, то е невро – лингвистичко програмирање. Ако го менваш умо, можиш да ја менваш и стварноста. И понекогаш треба да се потпишиш и да го прифатиш то шо не можиш да го видиш, но верваш дека е тука.
Мими е хипнотизиран! Како да сака да кажи дека оваа трикологија…невро-програмирање е на највисоко ниво. Го сетивме.
Ех шо сме ниее! Ама не знајме шо се случи после завршвањето на емисијата! Кој знај шо не видел Мими, нешто како дежаву или…ама можно е да влегол во шемата.
И така. И ние сфативме дека магијата не е само во картите ами и во умот – во она шо сакаме да го верваме…или целата вистина е скриена во самото дежаву.