Факти за Русија кои изненадуваат

Од незаборавните олимписки рекорди до најголемата лулашка на светот. Во светот на необични факти, Русија е земја која стои како извор на факти кои изненадуваат. Да започнеме со необичното истражување!

1.Живописни претседатели е првото нешто кое би го издвоиле меѓу тие необични факти за Русија

Претседателите на Русија се мајстори на необично хоби. Владимир Путин познат по џудо вештините, не само што ја владее оваа боречка вештина, туку издаде и ДВД  за настава насловена како „Ајде да научиме џудо со Владимир Путин.“ Од друга страна, Михаил Горбачов, објавил албум со балади, посветени на неговата сопруга Раиса -„ Songs for Raisa“.

Динамична комбинација на хоби, успешно интегрирана во нотесот на водачите од различни сфери на животот!

2.Мистериозни арте -факти и еротски албум

И ова е еден од необичните факти за Русија. Во музејот на „еротика“ во Санкт Петербург ќе наидете на неочекуван експонат-ништо помалку, туку половиот орган на рускиот мистик, Григориј Распутин. И додека многумина се сомневаат во вистинитоста на ова, музејот го изложува до детал.

3.Радиоктивна авантура

Замислете дека постои езеро во Русија кое е толку радиоактивно што  може да ви стои некој личен предмет на брегот и преку него да сте изложени на смртоносна доза зрачење. Езерото Карачаја во јужниот Урал е токму таа локација со висока контаминација на нуклеарен отпад во светски рамки.

4.Судбината на собата -Ќилибар и воените тајни

Историјата во Русија не поминува незабележано. Овде станува збор за собата на палатата Катерина во Царско Село кај Санкт Петербург. Истата ги крие тајните на  украси со скапоцен накит и злато. Нацистите ја опустошиле во текот на нивните освојувања.

Многу мистерии се чуваат во историските палати!

факти Русија

5.Олимписки рекорди и временски конфузии

Во Лондон, на Олимписките игри – 1908 година, рускиот тим забележал необичен рекорд-закаснување од 12 дена. Зошто? Зато што тие го користеа Јулијанскиот календар. Истиот ги доведе до временска конфузија со другите спортисти кои кои доѓаа според Грегоријанскиот.

Ах, тие календари! Јулијански, Грегоријански, ..како планер на хаос!

6.Од гулаг до туристичка дестинација

Руските власти размислуваат за транформирање на поранешниот гулаг(општ термин кој се однесува на сите логори каде имало принудна работа што постоеле во Советскиот Сојуз, вклучително и логорите што постоеле во ерата на Ленин). Повеќе од 18 милиони поминале низ нив за принудна работа и здравствени експерименти.

Овој вид туризам ќе ги оживее историските настани и ќе поттикне неопходност од заштита на основните човекови права.

7.Сибирски екстрем и рекорден број

Во обид да се запишат во Гинисовата книга на рекорди, 1835 луѓе се соблекле во костими за капење и се спуштиле на скии или сноуборд. Ова се случило во сибирското одморалиште  Шерегеш.

Што сѐ не ќе предизвика Гинис!  Ги инспирира луѓето да ги надминат своите лични граници.

8.Најголемата лулашка во светот и адреналински скок

Лулашката е долга 170 метри и е поставена во Скај парк, Сочи. Истовремено опфаќа и еден од најдолгите висечки, пешачки мостови во светот.

Ги освојува храбрите поситители.

9.Ресторан со име„Д“ со две ѕвездички

Во ресторанот „Д “ што постоеше во Москва, близнаци ја послужувале храната и биле облечени идентично.

Гостите искусиле двојно „задоволсто“.

1о.Амбулантни возила по патеките на богаташите

Во густата сообраќајна гужва на улиците во Москва, богатите Руси имале невообичаен начин да ја избегнат . Со најмени , лажни амбулантни возила , се обезбедувал брз премин низ толпата.Необична техника на бегство!

Русија се издвојува како земја која не престанува да изненадува. Плејада на предизвик за истражувачите на необичното. Остава впечаток на необично искуство.