Facebook станува омилен кај пензионерите, младите бегаат на TikTok

Facebook станува омилен кај пензионерите, младите бегаат на TikTok. Дали некогаш сте забележале како профилите на Facebook полека стануваат вистински „фото албуми“ на фамилијата? Додека „старото добро место за поврзување“ се чини дека го освојува срцето на пензионерите, младите се префрлаат на платформи каде текстот е мал… A визуелното е во прв план. На TikTok Instagram и Snapchat доминираат видеа, кратки и директни без потреба за долг разговор.

фејсбук станува омилен кај пензионерите младите бегаат на тикток

Истражување на американскиот истражувачки центар Pew го потврдува ова – „добриот друштвен албум“  некогаш омилен меѓу тинејџерите, сега е популарен само кај 32% од младите на возраст од 13 и 17 години во споредба со 2015 кога тој процент изнесуваше над 70%. Просечната возраст на корисниците сега е 40 години, а најбрзорастечка група се 65+ корисници.

Денешните тинејџери уживаат во кратки, динамични видеа. Па You Tube e неприкосновен со 95% од младите корисници. Следен од Tik Tok со 67% Instagram со 62% и Snapchat со 57%. Додека Facebook и Twitter имаат тенденција да бидат платформи за долг разговор, младите избираат да се изразуваат преку слики и кратки видеа.

Иронијата е очигледна: сонот на Facebook беше да ги поврзе младите… А сега служи како виртуелна фото – книга за семејни објави и носталгични моменти. Дали Facebook ќе најде начин да ги врати младите или ќе остане „омилен клуб за пензионерите“?