За EXIT 2024, за само 10 дена се регистрирале повеќе од 17.000 фанови!

exit

Од Барбадос, Мароко и Бразил до Македонија и целиот Балкан! За EXIT 2024, за само 10 дена се регистрирале повеќе од 17.000 фанови!

Овогодишните посетители на EXIT јавно кажаа дека на фестивалот ќе се враќаат секоја година. Сега тоа и дефинитивно го потврдија повеќе од 17.000 фанови! Оваа голема и брилијантна група на најверните „Егзитовци“, сочинуваше една третина од дневниот капацитет на Петроварадинската тврдина. Имено групата регистрираше за купување на ограничените количини на првите влезници за изданието во 2024. Со ова, во период од само 10 дена – од 11 до 21 јули – посетителите од речиси сите точки на планетата ја покажаа големата желба повторно да дојдат на Петроварадинската тврдина и уште еднаш да ја изразат љубовта кон Exit.

најпопуларен фестивал EXIT

EXIT 2024 ќе се одржи од 11 до 14 јули

EXIT 2024 ќе се одржи од 11 до 14 јули на магичната Петроварадинска тврдина. Покрај традиционалниот голем број на домашни фанови од Србија и од сите земји во регионот. Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора. Најголемиот број заинтересирани посетители пристигнуваат од Турција. Тука се и Холандија, Германија, Велика Британија, САД, Австрија, Русија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Бугарија…

Гости и од подалечните земји
 – Особено радува што во Нови Сад ќе пристигнат и гости од подалечните земји. Гости од  Индија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Мароко, Бразил, Кипар, Перу, Костарика, Оман, Шри Ланка, Тунис, Кина, Тајланд, Египет, Чиле. На списокот со регистрирани за EXIT 2024 има дури и фанови од Барбадос. Тука се и Маврициус, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Виетнам, Нов Зеланд… За вистинските фестивалски фанови ништо не е предалеку! Во знак на благодарност за посветеноста и лојалноста кон Exit, ним ќе им биде испратен специјален линк, преку кој ќе можат да ги купат фестивалските влезници по најповолните цени. велат организаторите и додаваат дека фестивалските влезници за оние коие се длучиле да бидат дел од публиката на EXIT следната година, ќе моат набават билети по почетната промотивна цена.

EXIT фестивал

Големиот интерес за EXIT 2024 доаѓа додека импресиите од неодамна завршеното издание сѐ уште слегнуваат и се собираат. Се случија четири магични дена на Петроварадинската тврдина. Започнувајќи од првото досега отворање на фестивалот од вселената, ѕвездите се усогласија за несекојдневно издание, со повторното, емотивно собирање со The Prodigy и Skrillex, двата all-female концепти на двете најголеми бини со Nina Kraviz, Indira Paganotto, Amelie Lens, Senida, Mimi Mercedez, Sajsi MC и други, но и прославата на 50 години хип-хоп со најголемата рап група на сите времиња Wu-Tang Clan! Денс Арената заблеска и оваа година, со оправданата репутација храм на електронската музика, која, покрај моќните техно жени, ја славеа и Eric Prydz, Hot Since 82, Vintage Culture, CamelPhat, Agents Of Time и бројни други.
 
И понатаму, најголемиот впечаток од овогодишното издание е дека повеќе од 200.000 фанови – најсјајните ѕвезди – ја осветлија Петроварадинската тврдина, обединети во пораките за љубов и слобода.