„Ми кажаа дека ЕГЗИТ ги собира револуционерите во публиката и на бините”, изјави Том Морело, додавајќи дека 33 години го чекал овој момент, а него го чекавме и сите ние уште од првиот ден на Егзит, бидејќи токму „Рејџ Агенст Д Машин“ беше катализатор на настанувањето на најголемиот фестивал во регионов.
Симболично, пред неговиот настап беше најавена големата прослава на 25 години на Егзит следната година, во која се враќаме во „State of EXIT“ – уметничката држава за излез и состојба на свест креирана заедно со милионите луѓе кои поминале низ капиите на Петроварадинската тврдина во претходните 24 години! Додека во понеделникот, со првите зраци на сонцето на Денс Арена, маестралниот сет на Блек Кофи го означи крајот на овогодишниот ЕГЗИТ, следува рекапитулација на петте дена исполнети со музика, енергија, љубов и најдобрата фестивалска авантура на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Овогодишното издание на ЕГЗИТ фестивал за време на вкупно пет дена го обележаа настапи на најголемите светски музички ѕвезди – од Нултиот ден минатата среда во чест на Никола Тесла со Бејби Лазања, Бурак Јетер, Димаш и Инико, преку острите рими и електронски ритми кои во првата фестивалска ноќ ги донесоа основоположникот на трап музиката Гучи Мејн и синонимот за професијата диџеј Карл Кокс, до најхитовската танцувачка носталгија со поп-рап иконите „Блек Ајд Пис“, враќањето на панкот на голема врата со „Д Експлоитед“ и еден од симболите на Денс Арена, Масео Плекс.
Финалната вечер во неделата помина во знак на фуриозните гитарски рифови и фантастична енергија на публиката заедно со основачот и главниот автор на бендовите „Рејџ Агенст д Машин“ и „Аудиослејв“ – Том Морело.
Култната „Like A Stone” Морело во емотивна изведба ја посвети на Крис Корнел, за потоа од тврдината конечно да згрми и „Killing in the Name”, песната со рифови познати низ цел свет која во еден глас ја пееше цела Главна бина! За тоа време, публиката на Денс Арена ја воодушевија „Бери Кант Свим“ и повеќекратниот носител на Греми номинации Бонобо, „НСНС Стејџ“ до последно место ја исполни Сара Ландри, додека маестралната завршница со магичното изгрејсонце над преполниот Егзитов храм на електронската музика ја приреди Блек Кофи!
Она што истотака беше карактеристика на овогодишниот ЕГЗИТ беа родителите со деца – како на бините така и во публиката. На фестивалот, сега веќе традиционално, беа трите генерации Ковачевиќ – основачот и директор на Егзит, Душан Ковачевиќ, неговиот татко Илија и синовите Лав и Ноа.
Некои нови клинци доаѓаа со своите родители да ги запознаат ѕвездите на новите генерации, меѓу кои апсолутни фаворити беа Бејби Лазања, Џокер Аут и Сем Дивајн! Том Морело концертот на „Тесла Универз“бината го отвори со својот тринаесетгодишен син, младиот гитарски вундеркинд Роман Морело, а интересно е дека пар часа претходно и Макс Кавалера настапи со својот син Игор Јуниор.
Пред означувањето на официјалниот крај на уште едно магично фестивалско поклонение, започна следното, јубилејно и историско. Последната вечер точно на полноќ и порано од било кога досега, од Тврдината беше лансирана кампањата за следното издание на Фестивалот, кое од 10 до 13 јули 2025 година ќе одбележи четврт век од основањето на Егзит и уште еднаш ќе ја оживее и втемели „State of EXIT“. Започна и регистрацијата за најповолните влезници, а ќе трае до петок, 19 јули на сајтот на ЕГЗИТ Фестивал.
* Автор на фотографиите: EXIT Photo Team
ПР Текст