Евровизиски емоции во „Брчиме со Дуле“! Во најновата епизода на ток шоуто „Брчиме со Дуле“, гости беа битолските евровизиски ѕвезди Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски. Екипата на емисијата, Дуле, Мими и Кумбата – трајно забавни колеги со специјалната гостинка Снеже од Скопје (водителка на „Нешто конкретно“), ги испрашуваше децата за сите детали поврзани со евровизиско искуство.
Евровизиски емоции во „Брчиме со Дуле“
Разговорот почна со приказни за пробите и настапите. Ана и Алексеј раскажаа дека поддршката од Битола била неверојатна. „Кристалната сала на Офицерскиот дом, експлицитно ги доловува моментите на поддршка.“
И се разбира, не го заборавија впечатокот од спектакуларната сцена на Евровизија – светла, камери, музика и енергија кои ги оставија без зборови.
Но, вистинската забава почна кога се активира детекторот за лаги!
Кумбата праша:
-Добро Ана, дали некогаш си се преправала дека си болна за да не одиш на училиште?
Ана вели – не.
Ама, детекторот вели – да.
На следното прашање Ана и детекторот си кажаа да. Прашањето вака гласеше:
-Има ли некое јадење што го готви мама, а ти да се праправаш дека го сакаш?
Тоа ти бил – Спанаќот на мама! Искрено си одговори Ана.
Кулминацијата настапи кога се постави ова сериозно прашање:
-Дали си се заљубила на Евровизија?
-Да – одговори таа, а детекторот го потврди.
-Цело време беше со француската делегација! – додаде Алексеј.
Децата раскажаа и за нивните омилени моменти од Евровизија. Најмногу се дружеле со делегациите НА Португалија, Украина…со фантастичен начин на релаксација.
-Беше супер забавно – велат битолските ѕвезди. Плачеле од среќа, ама имаше и моменти кога плачеле кога никој не ги гледа. Е за ова последното „да“ се совпадна и со Алексеј и со детекторот.
На крај, следуваше и ова прашање:
-Добро Алексеј, дали си направил некоја глупост дома и си го наместил брат ти?
-Не ми текнува…ама на детекторот му текна.
И така во „Брчиме со Дуле“, се покажа дека и битолските ѕвезди се како сите деца – искрени, топли и полни со приказни.
Како и да е, сите заедно упатуваме честитки за успехот и не заборавајте, Битола е горда на вас!