Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
На 16 септември, во Пациото на Завод и музеј Битола, ќе се одржи специјалниот настан ЕТНО 3/4. Настанот ќе понуди незаборавно патување низ историјата на модата во Битола, со фокус на спојувањето на традицијата и современото. Оваа вечер ќе биде посветена на реинтерпретација на модната култура од крајот на XIX и почетокот на XX век, со посебен акцент на стиловите А ла Турка, А ла Франга и етно модните трендови.
ЕТНО 3/4 е уникатен проект кој ја слави богатата модна историја на Битола. Целта е да ја претстави на младите генерации и пошироката публика преку современи креации. Проектот е дело на дизајнерката Јасмина Василевски, која стои зад брендот „3/4 by Јasmina“. Во своите модели, Јасмина користи внимателно избрани материјали и детали… Вклучувајќи оригинални парчиња везови, кои добиваат нов живот во нејзините современи креации. Како што таа вели: „Имплементираме елементи извадени од ковчег, на кои им е даден нов живот!“
Настанот ќе вклучува визуелна презентација на 10 модели кои ќе го претстават спојувањето на минатото и сегашноста. Моделите ќе бидат изложени, а секој од нив ќе носи дух на традицијата комбинирана со современи елементи, овозможувајќи публиката да ја доживее историјата преку нов контекст.
Проектот „ЕТНО 3/4 – Креативно продолжување на приказната за битолските модни стилови А ла Франга, А ла Турка и етно“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Со присуство на значајни гости од светот на модата, културата и јавниот живот, оваа вечер ветува незаборавно модно искуство за сите љубители на модата, историјата и културата, а ќе претставува одлична можност за уживање во моден спектакл кој не само што ќе ве инспирира, туку и ќе ве поврзе со нашето богато наследство.
Датум: 16 септември 2024
Време: Почеток во 19:30 часот
Локација: Пацио -Завод и музеј Битола