ИЗРОНАТАТА ВО СУРАТО: ДЕЧКООО ХЕЛОУ АЈМ БЕК! – Петта епизода, Марјан Георгиевски
Нов проблем. Сметките за струја в небо, а богами и на Каја светките исто! Петта епизода, Марјан Георгиевски
Рает чоек да не е. Како една минута немој да се олабај во ова држава. Те вести, те политика, црни хроники… Пензиите покачија, али со струјата шо прајме.
И ете го Раде влегва загрижен. Уше на врата ни свика фамиљарен состанок. Мора да се воведат АНТИКРИЗНИ МЕРКИ! Аха.. Сега ќе ја решиме работата нема грешка! Иначе овие фамиљарните состаноци се чести во нашава такозвана семејна ,,институција”. Си имаме ние појќе точки на дневен ред за разгледвање. А дневен ред денес и она шо ќе го дискутираме е прашањето поврзано со сметките за струја. Тажна вест за Каја… Бољеро ќе се исклЉучи и мрсна ќе се појавува на камера пред фоловерсите. Ќе и падни бизнисо на социјалните мрежи, ама кој да сфати оти та бизнис води на нет. За то не треба сколија. А шуба беше пустата, лепршава во глата.
Иначе ќути поарно е од оломнани…
Зборам за времето ко беше ногу опето со короната. Тогаш ко издржа Сашо, се ќе издржиш во животО. Паѓале Љуѓето во депресии. .. Јас шо да речев. Ти секој ден Жана да ја трпиш со комшивката на муабет на вибер. Па уште викаја од 5 сабајле корнеа. Синкир со Аустралија зборат.А богами та нивна прикаска си продолжи. Стана утрински ритуал. (Секое сабајле од 5, главобоље леле мори мајче!)
И тогаш имаја шо да оговарат бе чоек…
Како ги дознаваја сите трачој значи не ми е јасно. Дознаја оти Пацето пример за време на полицискиО, скришум ,,лајче кафе” бараше од Трајче на Штембиљо од втори. Аха кафе. Кој ќе го лажат. Ништо не му бега на Жана и Мирето.
Каја уше од тогаш се занесваше по дома со селфиња и видеа и туку порачваше некои кинески аксесоари од Алиекспрес. Е за то се викна тогаш в куќа состанок. Раде ифрит беше.
Од кошулите со пулејка и светки шо си ги изнапорача Каја онлајн, за тоцку ќе банкротираше цела куќа.
Од кај Раде си порачваше и му ја хакнаја сметката. Арантаран тука врски фаќавме да му ја блокират. Циркузи.
Беше то и тежок период за Милена. Само кукаше оти годините за мажење и се, а сеа најде корона да фати. И ете ти денес пак се постави прашањето дали Милена ќе најди некој интелектуалец или ништо не остана за кутро чупе. Каја тврди оти на нејзини години сигурно стара чупа не би останала и до сеа 6 деца ќе имаше и 3 пати остаена ќе беше.
Сите во паника, Славољуб со ракијата и лукчето се дезинфицира. Баба ми се препарира в стол, а кашлицата тврди ори од короната и то шо прскале од 5 ЏИ то било.
…И така се некако се заборај битното прашање: Шо прајме со струјата и како да штедиме. Наместо то се бара јак Маж шо ќе ја истрпи Милена. А кој ќе и најди друг, ако не….ИЗРОНАТАТА ВО СУРАТО! ДЕЧКООО ХЕЛОУ АЈМ БЕК!
Погледнете ја петтата епизода на Марјан Георгиевски и уживајте во најновото урнебесно видео!
А, и ќе забораев… Муабето на Сашо и шо му се врти се во глата, го пишува: Елена Трпковска Наумовски