Елизабет Тејлор – Актерка, секс бомба, активистка. Нема кој не ја знаеше оваа холивудска икона, а сега после 13 години после нејзината смрт, е снимен филмот за нејзиниот живот.
Интересно е што за документарецот за Елизабет Тејлор, насловен како „Elizabeth Taylor: The Lost Tapes“, таа е наратор, а притоа не е користена вештачка интелигенција. Всушност искористено е интервју што актерката му го дала на новинарот Ричард Мериман во 1964 година. Нанет Бурстајн е потписот на режисерот на оригиналниот филм, а истиот ја доживеа својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал на Tribeca оваа година.
Режисерот добил пристап и до лични фотографии, домашни снимки, архивски интервјуа и телевизиски материјал. Филмот е опишан како „најинтимниот портрет на актерката досега“. Се зборува за нејзината кариера од самите почетоци, а и за нејзиниот личен живот. Фокусот е ставен и на нејзиниот петти брак со Ричард Бартон кој е централниот дел на документарецот.
Елизабет Тејлор: The Lost Tapes премиерно ќе биде прикажан на 3 август на HBO.
Фото/print sreen you tube