Eлка инспирирана од книгите – Новогодишно Лондонско уживање

елка Лондон книги

Направена од голема колекција книги, во срцето на Лондон, се наоѓа необична новогодишно декорирана елка

Станува збор за десет метри високата елка поставена на метро станицата Св. Pancras во Лондон.

„Истата е инспирирана од класичните библиотеки. Создава чувство на враќање во времето на старите филмови. На прекрасните дрвени библиотеки кои и денес ги красат престижните британски локации.“ – пишува 24sedam.rs

Она што е најексклузивно и автнтично од своја страна, е тоа што оваа елка во основата има делови од клупи кои се тапацирани и кои се слични на оние од воз.

„Патниците“, можат да се сместат удобно и да уживаат во аудио книгите.

Чекајќи го возот, луѓето се восхитуваат на оваа извонредна новогодишна декорација, чии книги со гордост се потпишани од издавачката куќа „Пингвин“. Имено, тука може да се најдат вонвременските класици на Мајкл Морпурго, Беатрикс Потер, Чарлс Дикенс.

Како што понатаму, информацијата ја пренесуваат медиумите, инспирацијата доаѓа токму од писателите. Авторите најчето креираат за Божиќ и секако нивниот наплив на идеи доаѓа најповеќе за време на новогодишните празници. Најинтересно е што се раскажува дека најголемите дела всушност биле напишани во воз.

Љубовта кон книгите во совршена фузија со божиќниот дух раскажуваат за уште една новогодишна приказна што едвај чекаме да стане празнична „треска“ и кај нас.

новогодишна елка во Лондон
novogodisna elka vo London