„Образованието е најмоќното оружје кое може да го промени светот“. Квалитет, врвна професионалност и стручност и секако неизмерна љубов кон работата. Едукативниот центар за странски јазици Едусфера е вистинска инспирација. A работата на Ана Жежовска – името кое стои зад оваа приказна е уште еден показател дека љубовта љубов раѓа. Професионална во својата работа, а сепак со не толку строг кодекс кога се во прашање правилата. Жежовска руши бариери и преку креативен пристап и брилијантни идеи, покрај совладувањето на странски јазици, ги учи своите ученици на хуманост… На пријателство и на она што се нарекува верба и амбиција во себе си. И така, со кежуал кафе, ја имав таа чест да ѕирнам малку подлабоко во оваа едукативна, амбициозна и автентнична приказна на Ана, наречена Едусфера.
Разбуди се: Како се роди идејата за формирање на Едукативниот центар за странски јазици Едусфера?
Како дипломиран наставник по германски јазик, имав само една желба. Да работам со деца и љубовта кон јазикот и искуствата кои ги стекнав учејќи го, да им ги пренесам на моите ученици. Сакав да создадам место, каде децата ќе доаѓаат со насмевка… Каде мотивирани и инспирирани ќе учат, ќе се надоградуваат и ќе стануваат подобра верзија од себе. Сакав да создадам единствено катче каде децата ќе ги развиваат своите таленти, ќе веруваат во себе и ќе се поддржуваат. Денес после 5 учебни години, безброј успеси постигнати во и надвор од училишните клупи, задоволни родители и среќни ученици, после сите хуманитарни и креативни иницијативи, после еден куп нови пријателства, 4 летни кампови во Германија, забави и дружби – мислам дека успеав.
Разбуди се: Што учат децата во Вашиот центар и која е возрасната граница на ученици кои можат да бидат дел од вашата приказна?
Нашиот центар нуди курсеви по германски и англиски јазик за деца и возрасни. Најмалите ученичиња ни се 5 години, имаме основци, средношколци, студенти, а и возрасни слушатели. Возрасни ограничувања нема. Секој кој има желба и волја да совлада англиски или германски јазик срдечно е добредојден да биде дел од нашата Едусфера приказна.
Оваа година одлучивме да го понудиме и концептот „Дневен престој за умни глави“. Истиот ќе опфаќа ученици од прво до шесто одделение. Децата со помош на предметни наставници ќе го совладуваат наставниот материјал, а едукаторите ќе ја поттикнат нивната мотивација и љубопитност преку најразлични дополнителни активности.
Разбуди се: Импресивна амбиција, динамична посветеност, комплетен ангажман. Вие сте личност со визија и од нашето познанство, би рекла дека човек треба да учи од Вас. Како престигнувате со сите овие обврски? Што за вас значи кариерата?
Ја имам привилегијата да го работам тоа што посветено го студирав и искрено го сакам. Важен сегмент за мене во кариерата е постојаното надоградување и стекнување нови искуства.
Јас сум само наставничка која е лудо вљубена во својата професија. Инспирацијата за секој нареден чекор ја црпам во насмеаните очи и лица на моите ученици, во енергијата која ја создаваме кога сме заедно… А истата поместува планини, во искрените прегратки и безусловна љубов. Децата знаат да препознаат кога некој им мисли добро и кога некој искрено ги сака. И така враќаат со безусловна љубов, која за мене е двигател на светот. Тоа е мојот концепт.
Разбуди се: Фокусот, покрај регуларната настава, како што посочивме, го акцентирате и на дополнителни активности што од своја страна, ги поттикнуваат децата на развој, хуманитарни иницијативи… Кажете ни нешто повеќе околу оваа Ваша креативна и автентична патека на изучување јазик. Што ве издвојува од останатите?
Кога реков дека сакав да создадам единствено катче мислев токму на ова. Сите дополнителни, воннаставни активности во кои нашите ученици уживаат да се вклучуваат.
Мојата мисија како наставник, најпрво е да ги научам учениците со љубов да ги изговорат првите зборчиња и реченици на германски јазик, без проблем да ја совладаат граматиката, но и да им помогнам да станат подобра верзија од себе… Вложувајќи во нивниот талент, охрабрувајќи ги да го прават тоа што ги прави среќни, да пробуваат, да експериментираат. Среќна сум кога без трема зборуваат пред публика… Кога пејат, танцуваат или глумат на македонски или на странскиот јазик кој го изучуваат. Затоа два пати годишно организираме приредба, предновогодишна и една по повод крајот на учебната година. Приредбите на Едусфера се радост за сите ученици, од најмали до најголеми.
Разбуди се: Соработки, гостувања, заеднички иницијативи, дружби. Со кои сѐ соработува Центарот за странски јазици Едусфера?
Од особено значење за нас е соработката со германската компанија Симпател Телемаркетинг. Нивниот раководен тим, на чело со мојата колешка Наташа Јовановска секогаш срдечно ги пречекува нашите ученици. Ги запознава со нивната работа и им дава можност да видат како практично се практицира и користи германскиот јазик. Минататa учебна година, по повод петтиот роденден на Едусгера, во нивните простории ја снимивме емисијата на германски јазик Deutschland erl(i)eben.
На иницијатива на секогаш креативната библиотекарка Фатма Аземовска потпишавме и меморандум за соработка потпишавме со НУУБ „Св. Климент Охридски“, 3 пати со ред го реазлизиравме проектот „Мојата дигитална сликовница“. Приказни напишани од нашите ученици на македонски и странски јазик добија видео-запис и истите ги толкувавме на знаковен јазик. Годинава имаме уште една прекрасна соработка со градската библиотека проектот „Слушни ме“ – инцицијатива за кревање на свеста и борба портив меѓуврсничко насилство. Оваа иницијатва треба да прерасне во театарска претстава за основци и средношколци и истата во октомври ќе ја здогледа светлината на денот.
Соработуваме и со градинките во склоп на ЈОУГД „Мајски Цвет“ и обавезно, два пати годишно им гостуваме со театарски претстави во кои учествуваат нашите ученици. Соработката беше иницијатива на прекрасната Јуле Брглевска. Овие дружби се чиста среќа и љубов. Освежување на душата за нас наставниците од енергијата која се создава меѓу сите големи и мали!
Разбуди се: Уште еден Септември… А тоа значи уште една учебна години и бели листови хартија на кои веруваме Едусфера ќе остави посебен потпис. Како ја замислувате годината што следи и кои се вашите планови?
Уписите за јазичните курсеви во нашиот едукативен центар се во тек. Се радуваме на старите, но и на сите нови ученици кои годинава ќе се приклучат кон нашата секогаш насмеана Едусфера-екипа.
Јас ќе ги водам учениците на автентично патување со германскиот јазик, а колешката Катерина Николовска ќе им овозможи на часовите по англиски да се вљубат во англискиот јазик.
И така со сплотени сили, соединувајќи ја наставата, со сите гореспоменати активности ќе им помагаме на учениците да се едуцираат, да усвојуваат вештини и компетенции и да се развиваат во здрава и мотивирачка средина.
Замислувам да биде година полна со успешно совладани предизвици, многу нови научени работи, прогрес и развој кај секој ученик, многу насмеани лица – впрочем како секоја претходна, а посреќна и поуспешна од сите досега!
А, верувам дека Вие- тимот на „Разбуди се“, ќе сте тука, како и досега, да ги следите и бележите успесите и достигувањата на учениците од Едукативен Центар Едусфера! Ви благодарам од срце!
Интервјуто го водеше: Елена Трпковска Наумовски