Државното музичко училиште од Битола одржа Музички маратон по повод 4.Ноември
Во Културно информативниот центар – Битола, Државното музичко училиште, организираше Музички маратон. Овој настан беше дел од програмата за прослава на Општина Битола по повод 4-ти Ноември. Со моќта на музиката и со маратонот – кој е симбол за упорност и издржливост, Музичкото училиштена на настанот се претстави со 120 учесници… Ученици во Битолското училиште, кои се претставија со поголемиот дел од инструментите кои оваа образовна институција ги нуди за изучување:
Пијано, хармоника, виолина, виолончело, ударни инструменти, контрабас, флејта, саксофон, кларинет и од класата по соло пеење.
Настанот имаше одлична посетеност, а битолчани имаа можност за едно целодневно културно уживање. Циклусот од пет концерти започна во 11ч. а потоа следуваа концертите од 12ч.14ч.16ч. за на крај во 19ч. маратонот да биде затворен со Свечен концерт.
Учениците изведуваа дела од различни класични композитори со вкупно времетраење од околу 6 часа. Со тоа докажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет препознатлив во државава и надвор од неа. На настанот се обрати ВД. Директорката на Државното музичко училиште М-р Марија Шамоска Буџаковски која се заблагодари на присутните за присуството и искажа благодарност до соработниците на настанот Општина Битола и КИЦ Битола.
ПР Текст