„Глупав“ или ДОСАДЕН мобилен телефон – Ќе не спречи ли ова од „киснење“ по социјални мрежи?
Епа редно беше на некој нешто да му текни. Или… од толку напред напред, па и се очекуваше тро да се вратиме некој чекор назад. Имено, од пиварата „Хајнекен“ и американската компанија за облека „Бодега“ се лансира „глуп“ мобилен телефон. Што значи тоа?
Па, факт е дека младите (а мора да признајме и останатите) киснат на социјални мрежи и непара гледАт шо се дешава околу нив. Часовите поминуваат во скролање на екранот. Всушност гледаме во празно затоа што докажано е дека од 100 проценти вести и информации кои ни се пласираат, можеби само еден процент ќе и го провлече вниманието. Другото е само бесцелно губење на време.
Епа конечно некој забележа тој проблем и покренал каква таква иницијатива.
Имено станува збор за модел на телефон кој наликува на оние старите со преклоп. Истиот секако ќе ја има и таа стара првична функција. Ќе се користи само за повици и СМС пораки. Мобилниот телефон на овие два големи брендови нема да има пристап до интернет и од компаниите се надеваат дека можеби ова ќе ги сопре младите да бидат толку зависни од технологијата.
Дизајнот „не враќа“ во 2000тите години, а и батеријата исто така како некогаш бара една недела некористење. Камерата е од 0,3 мегапиксели. На мобилниот глупав телефон може само да имате FM радио и видео игра со змија. Уф ама фали ова ретро.
Сега претпоставуваме дека се е во рацете на родителите, па кога наредно вашите деца ќе побараат да им купите телефон, речете му дека Дедо Мраз е баш тоа РЕТРО!
Во продолжение погледнете ги рекламите за овој т.н. ДОСАДЕН ТЕЛЕФОН. Но, секако има и друга приказна зад нив. Брендот „Хјанекен“ сеуште го рекламира своето пиво, па гледано од друга страна… Подобро ли е младите да „дремат“ на телефон или да Дремат по шанкови со пивото во рака?
Кизнеј како да речи чоек! Никако не ни се погодва!