Долче и Габана го освоија Париз!

dolche i gabana go osvoija pariz

Долче и Габана го освоија Париз! Во блескавата сала на Гранд Пале во Париз, легендарното дуо ја оживеа суштината на италијанската мода. Нивната изложба „Du Cœur à la Main“ (Од срцето до раката) е моден приказ за традицијата, занаетчиството и емоциите кои го дефинираат нивниот бренд.  

Долче и Габана со над 200 уникатни креации од колекциите Alfa Moda и Alfa Sartoria, со секој детаљ на оваа изложба – од свилениот вез до златните апликации – раскажуваа приказна за италијанското наследство. Посебен фокус е ставен на Сицилија, вечната инспирација на Доменико Долче, чија култура, уметност и барокна раскош блескаат низ секој раб.

Од опера до филм – Кога модата станува уметност

dolchei i gabana go osvoija pariz

Изложбата маестрално ги спојува модата, историјата и уметноста. Некои креации се инспирирани од опери и балети, други пак се омаж на ренеснсните ремек – дела. Највпечатлива е златната креација во облик на кафез, изработена од 24 – каратно злато – симбол на екстраваганцијата на брендот.

Кустосот на изложбата, Флоренс Милер, ја нарекува „љубовно писмо до Италија“. Ова е повеќе од изложба – тоа е патување низ светот на страста, уметноста и модниот гламур.

„Раскошниот универзум“ кој го освои Париз, ќе биде отворен до 31 март 2025 година.

„Модата не е само облека – тоа е уметност која го буди срцето.“- Доменико Долче