Внесете нов воздух во дневната соба со овие елементи на уредување. Не се колебајте! Дополнете го стилот и персоналитетот во центарот на секојдневните, забавни случувања.
1. Масичка со модерен изглед
Оваа масичка во дневната соба има своја причина да биде токму таму каде што ќе ја поставите. Стилот и функционалноста се споиле во едно цело. Околу неа се собираат и уживаат сите членови на семејството.
2. Теписи за топлина, мек и нежен допир на стапалата
Загрејте ги стапалата со дупла топлина. Газете како на песок од жешката плажа. Тоа е таа, двојна топлина-комфор и автентичност.
3. Корпи од ратан за стилско креирање
Знаете ли што е ратан? Тоа е материјалот што се наоѓа во внатрешноста на палмите. Донесете го во корпа и поставете го во највидливиот дел на дневната соба. Не само што ќе ви ги гали очите, туку и ќе додаде рустикален шарм на вашиот простор
4. Декоративни перници за стилско уживање
Расфрлани на креветот, двоседот, троседот, сеедно! Го прават вашиот простор убав и толку стилски, како најново издание од моден магазин.
5.Огледалото-вашиот таен ингредиент за да го доосветлите просторот
Огледалото е како магичен прозорец кој ја зголемува дневната светлина и креира впечаток на голем простор.
Започнете со промени и направете ја вашата дневна соба во модерно гнездо на стил.