„Тајната дневна соба на Микеланџело, отворена за јавноста за прв пат на 15ти ноември/23та.“, според синтагмата на Liv Kelly во Time Out. Од истиот извор, дознаваме повеќе во врска со Микеланџело, еден од највлијателните светски уметници.
Имено, Микеланџело, италијанскиот скулптор и сликар од ерата на ренесансата, побарал политичко засолниште во 1530 година… Тоа е „тајната дневна соба“ во Фиренца. Собата била откриена во 1975 година кога тогашниот директор побарал реставратор за да го расчисти она што тие мислеле дека е тесен премин. Тоа бил обид да се создаде нов излез од Музејот на капелите Медичи. Во даден момент, реставраторот Сабино Џованони најде цртежи распослани под слоевите гипс. Овие цртежи му се припишуваат на Микеланџело, за кој се смета дека се создадени кога тој побарал засолниште во оваа соба. Но, има и поделени миселња кои веруваат дека зад овие цртежи се потпишуваат некои други. Некои кои учеле од неговот творештво и се разбира сакале да бидат негова копија.
Уметникот престојувал во просторијата од (10 на 3 метри) околу два месеци
Доволно долго време за творење! Велат дека Микеланџело повторно ги нацртал претходните дела на овие ѕидови. Некои цртежи потсетуваат на фигурите што ги насликал во Сикстинската капела. Своевремено, Микеланџело бил задолжен за создавањето на фреските на таванот на Сикстинската капела во Ватикан. „Оваа уметничка работа“ започнала во 1508 година и завршила во 1512 година. Тогаш, Микеланџело создал славни сцени како „Создавањето на Адам“ и „Судот на последниот ден“. Што се однесува до другите дела во „Тајната соба“, одразуваат елементи на делото во гробницата Медичи.
Погледнете го видеото подолу, што зборува и за други мислења и нуди дополнителен преглед и информаци…
Звучи фасцинантно! Ех кога би можеле да сведочиме на „ренесансен момент“ пресликан во 21от век?!