Како да изгледа поголема дневната соба? – Совети од дизајнери

Доколку имате мала дневна соба, сигурно во дадени моменти посакувате и сте замислувале истата да биде поголема. Советите од дизајнерите имат трикови за да го постигнете тој ефект. Со нивните идеи, ќе уживате во навидум широко пространство и илузијата која навистина ќе делува реално. Со советите во продоление, ќе може да направите стилско, уредно и свежо катче од вашиот дневен престој во кое навистина ќе уживате.

Бидете внимателни во изборот на декорации во вашата дневна соба

Премногу декорации можат да доведат до максимализам. Далеку од тоа дека не сме љубители и на овој стил, но доколку сакате да постигнете ефект на зголемување на просторот и вашата дневна соба, не треба да сте држите до таа пренатрупаност од декорации, бои, предмети кои може ќе го „гушат“ и намалат просторот.

Бојата е важна

Современото парче мебел претпочита чиста линија. Прикладни се стаклените маси со ниска аглеста гарнитура. Вградените полици, комоди и простор за складирање немаат „кабаста димензија“ и се јавуваат во меки бои кои вклучуваат пастелни нијанси кои имаат висока вредност на светлина . Тоа би значело-над светлата боја се додава дополнителна боја. Истата треба да биде во мала количина (тон над тон). Со тоа се добива ефект на смирувачка атмосфера во дневната соба.

Клучно е да се држите до избраната палета на боја која создава чувство на кохезија и ширење.“ Така советува дизејнерот на ентериер Bobby Berk. Само така и малата дневна соба визуелно ќе се прошири.

И повеќе од значајно е осветлувањето

И повеќе од значајно е осветлувањето и кога ќе падне мрак вградените светилки и LED светилките би можеле да донесат дневна светлина во домот и вашето око нема да биде уморно . Продолжува да му се восхитува на сопствената творба во преубавата боја на домот. И тоа е тоа. ITS MY HOME.

Извор