„Home sweet home“? – Сте се запрашале ли од каде доаѓа овој израз?

home sweet home - Од каде потекнува овој израз

„Home sweet home“ е изразот на задоволство и среќа. Сте се запрашале ли од каде доаѓа? Еве ја приказната од каде всушност потекнува оваа позната изрека.

„Доме, слатки доме “ или „Home sweet home“ е песна од операта „Clari“ или „Слугинката од Милано“ која за прв пат била изведена во Covent Garden во Лондон во 1823 година. Автор на текстот бил американскиот актер и драматург John Howard Payne (1791-1852).

Кон крајот на 19 век , песната станала химна за војниците за време на американската граѓанска војна. Ако сте љубопитни, ви доловуваме дел оригиналните стихови : „…Таму се чини дека не осветува шарм од небото, кој барај низ светот не се среќава на друго место. Дома! Дома! Сладок, сладок дом! Нема место како дома ! Нема место како дома!“

Извор