„Џокер… Светот е сцена“ – Психолошкиот трилер наскоро во 3 Д Кино Битола

„Џокер“ е уникатен филм кој го надмина жанрот на суперхерои. „Џокер“ навлезе длабоко во мракот на човечката психологија. Под режија и продукција на Тод Филипс, овој филм следи вознемирувачка приказна за потеклото на еден од најпознатите негативци во историјата на DC Comics.

Главниот лик во овој американски психолошки трилер, Артур Флек, маестрално одигран од Јоакин Феникс, е неуспешен стендап комичар. Неговиот живот во Готам Сити, се претвора во спирала на насилство и лудило. Филмот долови како едно општество може да ги создаде своите чудовишта. Поттикнува контракултурна револуција која ги загрозува основите на самиот град.

џокер американски психолошки трилер

Феникс, кој за оваа улога доби Оскар за најдобар актер, навлезе длабоко во умот на својот лик. Несомнено ги истражи мрачните мотиви и психолошки нарушувања што го туркаат Артур на работ на лудилото. Неговото смеење, кое произлегува од вистинска болка, создава впечатлив контраст кој тешко е да се заборави.

Наскоро, овој психолошки трилер со долгоочекувано проодлжение „Joker: Folie a deux“ ќе го доживеете на сосема нов начин во 3D кино Битола. Подгответе се да навлезете во светот на „лудилото“ и да ја почувствувате секоја сцена како никогаш досега. Овој филм има длабока рефлексија на човечката состојба и општеството во кое живееме. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова уникатно кино искуство што ќе ве остави без здив. Наскоро во 3D кино Битола! Џокер – Светот е сцена.

Хоакин Феникс во улогата на Џокерот и Лејди Гага во улогата на Харли Квин.

извор