Заврши животниот пат на Велибор Џаровски-Џаро! – Најпознатиот менаџе во поранешна Југославија

Денеска на 75 годишна возраст почина легендарниот Велибор Џаровски-Џаро. Јавноста го знаеше како еден од најпопуларните менаџери на просторите на бивша Југославија.

Велибор беше популарно име меѓу музичките ѕвезди, а тој соработуваше со многу од нив меѓу кои Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Мишо Ковач и други.

Според една од неговите изјави, тој имал организирано 5000 концерти и многу турнеи. Неговата кариера беше на далеку прочуена , а минатата година беше промовирана биографската книга за неговиот живот „Џаро -Живот на коцка“.

Џаро

Во описот, за ова книжевно дело е запишано: „Животот на Велибор Џаровски- Џаро беше патување, песна, игра и љубов. Но играта што ја играше не беше секогаш лесна. Бурниот и немирен темперамент, остриот ум и специфичниот карактер постојано го соочува со најразлични перипетии.“