Димитар Андоновски во YUGO. Мими се испоштова со гостинот и си го пречека поп пејачот во веќе најпопуларната емисија во македонскиот етер и пошироко, во YUGO. Со топло добредојде и клима (шо не била рачна појќе), се подрајваја по стрито. (И тро клизачи му влегоја на еден камион али то меѓу нас.)
… И да не се оддалечваме од муабето. Во YUGO големото музичко име и екстра популарната ѕвезда, како на македонската така и на балканската сцена, започна да зборува за својата кариера. За неговите успеси, почетоци, неговите желби и аспирации кон музиката.
Како Димитар стана дел од ,,петтолинието” на поп сцената. Најпрво започнал со виолина и се вљубил во овој инструмент. Се додека не слушнал за „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција. И како и сите убај и грандиозни приказнички, така и оваа на нашиот битолчанец, не започна нешто спектакуларно. Се се случило спонтано, без некои посебни подготовки и надеж дека ќе биди пејач. Од поп музика слушал само Вивалди, ама ко ќе е пишано, пишано е. И, ете се роди ѕвездата и талентот на Андоновски беше препознаен од страна на жирито.
Како започна магијата и каков е животниот пат на Димитар Андоновски, погледнете во најновата емисија на Мими Yugo.
Скромен, ненаметлив во јавноста, голем работник и сепак визионер. Денес еден од најангажираните поп – пејачи. Димитар Андоновски во YUGO.