Шо има во то југото не знајме, ама стално позитивна енергија се шири од секоја емисија. Овој пат во Mimi Yugo, се повози Јасна Николовска.
На битолчани, гостинката им е позната од социјалните мрежи. Јасна е дел од популарни женски битолски фејсбук групи, а и зад нејзините статуси (без влакна на јазикот, а понекогаш и пикантни), се кријат моќни пораки и апели кои би требало да ја разбудат свеста околу сето она шо го велиме „људско“. Е прашањето е дали го имаме. Николовска се отвори во Mimi Yugo и ја раскажа својата приказна.
„Ова гушката од баба ми Живка наследена ми е. Зато вака малку ќе се испрам оти како селско пупале сум. Ме прај уште поголема!“ – се нашали Јасна на своја сметка, а како публика, од старт видовме дека денешната гостинка е јак чоек, битолчанка со позитивна енергија и интелектуален капацитет апстрахиран од лоши енергии, критики и такви мити рабоќе.
Кога ќе почнеме да се смееме и како да ни се роди таа насмевка, оптимизам и позитивна енергија? Со баш таква идеја, претензија и визија, Николовска стварно е пример за жена, за човек кој стварно сака да поможи и да го врати сјајот на Битола, на битолскиот шмек и конзулското… (Ко ќе станва збор за муабети околу Битола, очигледно е дека се ,,провоцираме” и почнуваме да драмиме, така шо си има многу да се кажи на темата, ама полако…)
Иначе во муабето во оваа емисија на Mimi Yugo, се напрај муабет и за сообраќајот. Секако се гибна и таа сообраќајна култура или (не)култура. А за едно можи и се согласваме. Како да некои шофери се изгорени да глумат скопјани низ тесните улици. Шо похаотично, то појако. Ако порано кабадајското беше шмекерско, сега мава на кај нервозно, тензично…
Јасна раскажа ситуации во кои се нашла и за време на короната. Раскажа како заглавила во Плетвар на сред полициски час, а шо се дешавало натаму, останва да видите во најновата епизода на Mimi Yugo погоре во текстот.