Овој пат во Yugo се повозија Ана и Алексеј – Битолчаните кои за прв пат ќе не претстават Детска Евровизија. Песната се вика „Маратон“ и можете да ја слушнете тука. Децата во емисијата Yugo зборуваат како се креира оваа приказна и како стигнаа до оваа цел. Македонските претставници за прв пат доаѓаат од Битола, а нивната пена навистина е феноменална. Скромни и со позитивна енергија, ќе ве изненади нивниот ентузијазам и талент . Погледнете го видеото и новата епизода на емисијата YUGO.