Денот на Европа го прославува Јуроп хаус Скопје со низа културни настани низ Македонија. Европските куќи ќе бидат домаќини на културни настани во своите градови и во регионот. Имено, Скопје е домаќин на уникатен музички концерт насловен како „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“.
Во Битола, програмата под мотото „Ние сме тука, кај си ти?“ почна на 9 мај со осветлување на Саат – кулата. А заврши на 18 мај со изложба и настап на грчкиот диџеј Архитект во Пациото на Музејот.
Во Струга, на 30 мај, под мотото „Слушај природа“ се планира целодневна програма со нов мурал и музичко – светлосен перформанс во Паркот на поезијата.
Јуроп хаус – Крива Паланка организира и манифестира настани во Кратово и Куманово со главни активности на 20 мај. Тука беше вклучен мурал(голема слика или уметничко дело најчесто поставена на ѕидовите за визуелна изјава на заедницата) во пиксел формат и концерт на групата „Фолтин“.
На 28 мај, Јуроп хаус Струмица претстави биодиверзитет преку изложба во Дојран. На 30 мај во Гевгелија е планиран „Концерт рок – симфонија“ со Битолскиот камерен оркестар.
Јуроп хаус Велес на 27 мај промовира локални винарници од вардарскиот регион со дегустации, жива музика и промоција на традиции и иновации.
Конечна мисла: Денот на Европа се слави на 9 мај и се одбележува годишнината од „Шумановата декларација“ од 1950 година. Овој датум е значаен од причина што го претставува првиот чекор кон создавање на денешната Европска унија. Промовира мир и соработка меѓу европските земји по Втората светска војна иако во текот на историјата постојат предизвици и конфликти.
Дали ова денес е тоа што го имавме на ум?