„Без музика животот би бил грешка!“ – Далматински мелос наскоро во Битола

Далматински мелос Klapa Zrnovnica

Битола е град на уметноста, културата, театарот, музиката. А штом сме кај музиката, сретнавме една интересна вест. Настан кој вреди да се посети.

Далматински мелос во кој ќе уживате

По повод Денот на државноста на Хрватска, препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го донесе Далматинската машка клапа „Жрновница“.

Хрватскиот културен центар  и Македонско – Хрватското друштво „Марко Марулиќ“ од Битола, стојат како организатори зад овој извонреден настан. Имено, оваа година соработуваат со КИЦ- Офицерскиот дом. Препознатлив по фасцинантната градба, Офицерски, веќе долго време е урбано место создадено за вакви манифестации и културни средби за кои понатаму, ќе зборуваме многу.

Нивната приказна започнува од Сплит

Што се однесува до клапатa „Жрновница“, таа доаѓа од предградие на Сплит, Хрватска. Маестро Марко Марин е името кое стои како основач и оваа приказна создава, твори и работи во континуитет веќе од 2008 година.

Далматински мелос

„Жрновница“ веќе ја има освоено публиката во Хрватска, а сцената ја владеат и во Франција. На листата се и Црна Гора, Италија, Босна и Херцеговина, Австрија, Виена, како и Чешка и Словенија. Освен маестралниот талент, „Жрновница“ настапувала на многу културни настани, а меѓу другото и на бројни хуманитарни настани кои зборуваат за нивната посебност.

Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“ песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.“ – пишува Cultural Chat , a воедно известува:

Далматински мелос

Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин. Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби.

Овие бројки покажуваат дека овој театар  и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска. Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали. На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат  Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот  во Хрватска  и странство.

Во продолжение, уживајте во прекрасни звуци и започнете да зборувате на најпопуларниот јазик на светот – музиката.