Коко Шанел, една и единствена. Ја револуционирала модата со креирањето на модерниот костим за жени и класичниот „мал црн фустан.“ Легендарната марка „Chanel No 5“ е креација на французинката Коко Шанел што стана симбол на класата и елеганцијата. Позната како Габриел Шанел, била една од највлијателните модни дизајнерки на 20тиот век.
Легендарната французинка Коко Шанел, поседувала и висока интелектуалност и духовност. Некои од нејзините најинспиративни цитати ги претставуваат нејзината филозофија и стил на живот. Еве што издвоивме ние:
„Чувајте се од оригиналноста – Во женската мода оригиналноста може да доведе до маскембал.“
„Создавањето сопствена мода за себе може да си го дозволат само младите жени. Зрелите и постарите жени треба да ја следат класичната мода“.
„Грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никакаква шминка нема да ви биде од корист“.
„Жените облечени во светли тонови е тешко да ги доведете во лошо расположение“.
„Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени“.
„На 20 години жената има лице кое ѝ го подарила природата, на 30, таа го создала сама, а на 40 таа, тоа го заслужува“.
„Рацете се визит картичка на секоја жена, нејзиниот врат е нејзина лична карта, а градите се нејзин пасош“.
„Годините не се најважното нешто во животот на жените: тие може да бидат убави на 20ет години, шармантни на 40ет и неоддоливи до крајот на животот“.
„Парфем невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин посетник, каде и да оди“.
„Најдобар моден детал на секоја жена е згоден маж покрај неа“.
„Ништо не ја прави жената стара како исклучиво скап костим“.
„Кога треба да користам парфем?“-прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана.“
„Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе“.
„Убавината останува, а симпатичниот изглед избледува. Но жените никако не тежнеат да останат убави, тие сакаат да останат симпатични“,
„Кога нештата не и одат од рака на една жена, таа знае дека мора да изгледа убаво“.
„Се верува дека е луксуз да и се спротивставите на сиромаштијата. Не, луксуз е да се спротивставите на вулгарноста“.
„Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати мораат да носат злато“.
„Не се обидувајте да се подмладувате, на 50 години никој не е млад. Но, затоа на светот има многу 50 годишни жени кои изгледаат далеку попривлечно од младите несредени жени“.
„Главното нешто кај една жена не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста“.
„Слобода – таа е секогаш во мода“.