НЕДЕЛА НА ШПАНСКИ ФИЛМ ВО ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА

центар за култура

Амбасадата на Кралството Шпанија и Центар за култура Битола организира свеченото отворање на Неделата на шпански филм на 26.04.2024 во 19:30ч во малата сала во Центар за култура Битола.

„Придружете ни се на едно неодоливо патување, во светот на шпанскиот филм, преку богата селекција на филмови кои ќе бидат прикажани на оваа ревија.“ – се вели во поканата.

центар за култура


Отворањето на овој филмски фестивал ќе биде средба со класиката на шпанскиот филм “Крави” (Vacas) во малата сала на Центарот за култура Битола на 26.04.2024, со почеток во 19:30 часот. (ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН)

Прекрасната и збунувачка приказна на семејства, љубов и одмазда што ја носи “Крави” ќе ве заслепи со својата визуелна убавина и емоционална длабочина.

Освен овој епски филм, ќе имате прилика да уживате и во уште 6 неверојатни филмски остварувања.
Запишете го датумот и се припремете за едно несекојдневно искуство со шпанскиот филм во Центарот за култура Битол