Бубамарата навистина Носи Среќа или…?

Бубамарата нè потсетува на важноста на верувањето. Верувањето во малиот чуден свет на бубамарата, верувањето во среќата, носи радосни моменти.

бубамарата

Во свет полн со брзина и грижи, оваа мала бубачка – бубамарата, нè учи дека и најмалиот инсект може да направи да се чувствуваме среќно. Зарем не би било интересно да гледаме на светот околу нас како потенцијален извор на среќа? Да наоѓаме радост во секоја бубачка што лета, во секој момент од нашиот живот?!

Сите бараме среќа.

Но, што е тоа што нè прави среќни?  Среќата е како волшебен додаток, чекаме со нетрпение да ја доживееме, макар што е краткотрајна и несигурна. Некои луѓе изгледаат како да имаат постојана среќа во животот. Можеби затоа што веруваат дека целиот свет е симбол на среќа. Дали и вие се радувате кога наидувате на симбол на среќа?

Четирилистената детелина, потковицата покрај патот или пак само бубамарата што слетува на вашата рака? Секој од овие симболи на среќа има зад себе интересни приказни и верувања. Истото важи и за бубамарата.

За многумина, бубамарата е инсектот што носи среќа. Кога слетува на раката предизвикува неописливо задоволство, особено кај децата. За повозрасните, нејзиното присуство ги потсетува на песната: „Бубамара, летај, летај во далечен свет..и донеси ми среќа!“, и им ја враќа меморијата на времето кога сè беше среќа.

Мала, светло-црвена бубачка со црни точки и црна глава станува асоцирана во сите умови со нешто убаво, со нови добри вести или среќни моменти.

Освен симбол на среќа, бубамарите се исклучително корисни за градинарите. Уништуваат штетници. Ова можеби потекнува од фармерите кои го гледале пристигнувањето на бубамарата како знак за напредок во нивното селско стопанство?!

За некои, верувањата за бубамарата стануваат уште конкретни: бубамарата што ќе слета додека сте болни ќе ве излечи! А пак, броењето на нејзините точки може да ви открие колку месеци среќа ќе имате.

бубамарата

Кога следниот пат бубамарата ќе одлета од вашата рака, посакајте нешто убаво и силно.

Бубамарата, чудото во природата, одново нè потсетува дека малиот може да биде голем. Верувањето во неа не исполнува со радост и ни дава надеж. Нè предизвикува да гледаме на животот со оптимизам и воодушевување.

Ако би ги модернизирале нашите верувања и како такви ги оставиме на идните поколенија, можеме да го воведеме идеалот дека секој момент може да биде прекрасен, дури и кога околу нас летаат и други бубачки. Да го гледаме светот како место на можности и убавини.

И конечно, да го гледаме светот како една голема бубамара. Зошто да не?

Извор